Хрватска триумфира во пријателскиот натпревар против Македонија со 3-0 во Риека, а тоа воедно беше нивни најголем триумф во меѓусебните средби против нашата селекција.

Фудбалската репрезентација на Македонија нема по добро да го памети гостувањето кај Хрватска во Ријека,  „коцкестите“ ја забележаа највисоката победа во меѓусебните пресметки. Ова беше прв од двата пријателски натпревари за Македонија во јунскиот прозорец, сега следува дуелот со Чешка исто така на гости, на 10 јуни.

 

Селекторот Благоја Милевски на терен изнесе тим, без капитенот Енис Барди кој е повреден, додека Далиќ комбинираше за Хрватска, а фокусот беше на Перишиќ и на Ковачиќ кој го игра својот јубилеен 100. натпревар. Кај Македонија, овој меч е јубилеен, 50-ти, за Дарко Велковски. Натпреварот почна доста отворено, па и двете селекции напаѓаа. Првата сериозна шанса на мечот ја имаше Македонија, која по еден корнер се закани во 7. минута преку Висар Муслиу, но обидот заврши безуспешно. И три минути подоцна, од првото невнимание, Хрватска дојде до предност.

Коцкестите“ до водство стигнаа по само 10 минути преку Ловро Мајер, кој од слободен удар го матира Столе Димитриевски. Во продолжение на средбата истиот фудбалер зголеми на 2-0 за домаќините.

Македонија не успеа да го возврати ударот ниту во второто полувреме, а до крајот на средбата Марко Пашалиќ стрелаше за конечни 3-0.