Голем кикс направи Шпанија која загуби во Швајцарија со 1-2, па двојна радост има за Португалците после нивната победа со 4-0 против Чешка после која го преземаа првото место во групата пред решавачката пиринејска пресметка во последното коло за првото место и пласманот на фајнлфорот.

Португалија сега има 10 бода, два повеќе од Шпанија и во вторник се домаќини во пресметката со „црвената фурија“ во мечот на кој за прво место им одговара и реми.

Диего Далот со два гола и по еден на Бруно Фернандеш и Диего Жота, Португалците дојдоа до победата во Прага, додека Бриел Емболо ја урна Шпанија со голот во 58-та минута, откако Мануел Аканџи донесе предност во првиот дел, а Жорди Алба израмни во 55-та