Уругвајскиот голгетер Луис Суарез имаше деби од соништата во дресот на бразилски Гремио, постигнувајќи хет-трик во победата против Сао Луиз (4-1).

Суарез на неверојатен начин се претстави во дресот на новата екипа, а до првиот гол стигна по само пет минути, а потоа до израмнување стигна Сао Луиз преку Паулињо.

Водството за Гремио го врати Битело, додека до крајот на мечот уште двапати во листата со стрелци се запиша Суарез.