Сензација се случи на АО во Мелбурн, откако првиот носител на турнирот, Рафаел Надал, е елиминиран уште во 2. коло по поразот од Американецот Мекензи Мекдоналд со 0-3 во сетови.
Шпанецот го плати данокот на повредата и поради која се очекува наскоро и да ја заврши кариерата, па дури и не успеа да дојде барем до еден сет во дуелот со 65. тенисер на светот. Надал првите два сета ги загуби со 4-6, додека во третиот даде уште посилен отпор за 5-7 и конечна елиминација.
Овој резултат беше бурно поздравен од навивачите на Новак Ѓоковиќ, кој сега има чист пат кон десеттата круна во Мелбурн. Надал беше оценет како негов најголем ривал на патот кон тронот, па сега ќе мора да мисли на далеку помладите конкуренти, против кои би се сретнал во евентуалното финале наместо со Шпанецот.