Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ би можел многу да загуби доколку не му биде прифатена жалбата на одлуката за повлекување на визата.
На Новак треба да му се забрани влез во Австралија на три години доколку судот одлучи да ја одбие жалбата и да биде депортиран, пренесува агенцијата АП.
Тоа практично значи дека Новак не би можел да игра на Австралија опен пред 2025 година.
„На лице на кое му е укината визата може да му биде забрането издавање дури и привремена виза во период од три години. Периодот на ослободување ќе се смета како дел од секоја нова апликација за виза и може да биде одбиен во одредени околности, нагласувајќи дека секој случај ќе се гледа со свои посебни карактеристики“, изјавија за АП од австралиската гранична служба.