По Португалија и Украина, селекцијата на Русија се пласираше во полуфиналето на Европското првенство во футсал во Холандија.
Русија ја совлада Грузија со 3-1 во четвртфиналниот меч во Амстердам во натпревар во кој двете селекции упатија вкупно 98 шута. Победниците дури 65 од нив 21 во рамките на голот, а Грузијците 33 (10 во голот).
Артем Низајев ја доведе „Зборнаја“ во водство со гол во 23. минута, но минута подоцна израмни Петриј Бранко. Во 28. минута Иван Чишкала ја донесе Русија во ново водство, а истиот играч во последните секунди погоди за 3:1 во празната мрежа.
Русија, европскиот шампион од 1999 година, во полуфиналето ќе игра против Украина, која во понеделникот го победи Казахстан со 5-3.
Пласман во полуфиналето во понеделник обезбеди и бранителот на титулата Португалија, која ја совлада Финска со 3-2, а последниот полуфиналист ќе биде познат вечерва по натпреварот меѓу Шпанија и Словачка.
https://www.youtube.com/watch?v=yFoDVqDR0Hs