Во 24. коло од Евролигата, тимот на Црвена звезда на домашен терен е поразен од Олимпија од Милано со резултат 57:63.
Кога дојде шестата минута од натпреварот помеѓу Црвена звезда и Олимпија од Милано, многумина не можеа да поверуваат на резултатот кој стоеше на семафорот, а беше 3:0 во корист на избраниците на Дејан Радоњиќ.
Бентил конечно погоди за 3:2 во седмата минута (?!), а потоа дојде и тројката на Холинс за 6:2 на влезот во последните две минути.
Кошаркарите на двата тима успеаја да одиграат бизарна четвртина , па резултатот беше 8:7.
Олимпија подобро тргна во продолжение, но Добриќ погодуваше за домаќинот. Сепак,видовме одлична игра на гостите кога им беше најпотребно, Дилејни погоди за 12:20, Калиниќ и Добриќ успеаја да намалат на 19:20, но потоа две нови тројки на гостите преку Бентил и Дилејни.
Третата делница не донесе подобра игра на Црвена Звезда, додека Олимпија играше се подобро како што натпреварот се приближуваше кон крајот.
Многу брзо, Дејан Радоњиќ мораше да побара тајм-аут, поради неколку очајни напади, но и добрите улоги на Хајнс и Хол на другата страна. Беше +11 за Италијанците, а потоа Звезда успеа да се разбуди само за кратко, преку Кузмиќ и неговата пируета, во тој момент беше 33:39. Калиниќ ја предводеше Звезда во третата делница, успеа да намали на 44:39, но гостите го погодија кога беше најпотребно.
Холинс и Ричи си разменија тројки на самиот крај на четвртината, па Милано имаше 6 поени предност на влезот во последната делница.
Таму Звезда се намачи, Митровиќ веднаш го доби четвртиот фаул, Олимпија отиде на +10, а потоа на сцена стапи Никола Ивановиќ со четири последователни поени.
Добриќ погоди тројка на четири минути до крајот за 58:54, но Хол и Дилејни беа нерешлива енигма за домашните. Еден од клучните моменти е исклучувањето на Никола Калиниќ, практично многу работи тогаш беа веќе решени, а Олимпија рутински го приведе натпреварот кон крајот.
Во тимот на Црвена Звезда Холинс и Калиниќ имаа по 13 поени, Добриќ 9, Митровиќ 5, колку што имаше и Волтерс. Кај гостите најдобар бешее Дилејни со 18 и Бентил со 12 поени и 9 скока.