Србија ги почна квалификациите за Евробаскетот со победа од 77-61 против Финска.
Финска ја доби првата четвртина со 20-17, но полека почна да го губи здивот, а српските кошаркари го искористија тоа и до полувреме направи пресврт (36-34). Во вториот дел предноста на Србија растеше сè до конечни 77-61.
Митровиќ беше најефикасен со 19 поени, девет скокови и една асистенција, додека Аврамовиќ постигна 18 поени и три скокови.
Во салата „Александар Николиќ“ во Белград, момците на Светислав Пешиќ остварија сигурна победа над Скандинавците.
Во рамки од оваа група стартна победа забележа и Данска над Грузија со 75-69.
Во дербито на вечерта, селекцијата на Грција во последниот квартал го скрши отпорот на Чешка и извојува победа од 72-64, а Велика Британија беше поуспешна од Холандија со 98-94.
Најубедлива победа забележа Босна и Херцеговина, која на гости во Кипар славеше со 33 поени разлика (66-99), а во оваа група Франција покажа сила против Хрватска и славеше со 73-61.