Јута џез полесно од очекувањата го декласира Далас маверикс (127-90) во натпревар од НБА-лигата, што беше трет пораз за тимот од Тексас во последните четири меча.
Главна причина за тоа беше лошата партија на Лука Дончиќ, во државата на мормоните (следбеници на посебно религиозно движење). Словенечкиот репрезентативец шутираше 6/20, а погоди само три шута за тројка од дури 13 обиди од оваа позиција. Сето ова му донесе вкупно 19 поени за 34 минути, што е лош учинок според неговите стандарди, а доказ за тоа е фактот што ова е само трети меч сезонава во кој не ја мина границата од 20 поени.
Кајри Ирвинг постигна 14 поени, додека Џејден Харди постигна 17. Во победничкиот тим доминираше Симеоне Фонтекио со 24 поени, Џордан Кларксон додаде 20, а Лаури Марканен 17 поени.