Надал експресно го доби првиот дуел по долгата пауза!

Дилемите околу победникот беа само во првиот сет, кој Шпанецот го доби со брејк во последниот гем пред тајбрејкот, додека во вториот сет ветеранот покажа дел од класата која го става меѓу неколкуте најдобри на сите времиња.

Надал во следното коло ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Аслан Карацев и Џејсон Кублер. Турнирот во Бризбејн се игра до 7. јануари и тој е последна подготовка пред Австралија Опен, каде што Надал планира да настапи.