Шесткратниот Грен слем победник Борис Бекер (54) пред три дена беше осуден на две и пол години затвор. Причината поради која легендарниот германски тенисер мора да оди во затвор е обидот да сокрие пари и други вредни предмети вредни 2,5 милиони фунти во стечајна постапка со намера да избегне плаќање долгови. Скај Спорт вели дека половина од тоа време ќе помине во затвор, една година и три месеци.
Бекер беше тренер на Новак Ѓоковиќ од 2013 до 2016 година. Српскиот тенисер го погоди тоа што Бекер мора да биде во затвор.
„Моето срце е скршено. Тој е мој долгогодишен пријател. Тој беше мој тренер три години, некој што го сметам за многу близок и некој кој многу придонесе за моите успеси и за мојата кариера.
Ѓоковиќ и Бекер заедно имаат освоено шест Грен слем и 14 турнири во натпреварувањата од АТП серијата 1000.
„Тешко ми беше, не знам што друго да ви кажам, не би навлегувал во детали за пресудата бидејќи не сум во позиција да го сторам тоа, но како негов пријател сум многу тажен. Нема што многу да се каже, само се надевам дека брзо ќе помине тој период во затвор и дека кога ќе излезе ќе може да си го продолжи животот. Ќе се молам за него. Се надевам дека ќе биде во добро здравје, особено психички, бидејќи тоа ќе биде најпредизвикувачкиот дел .