Ансу Фати ги одигра последните 15 минути од натпреварот против Мајорка и на тој начин првпат во последните шест месеци одигра првенствен натпревар за Барселона. Младиот играч на Барса долго време се мачеше со повреда на грбот, но сега конечно е подготвен, а колку тоа им значи на навивачите на клубот покажа нивната реакција при влегувањето на Фати во игра.
Ова беше само шести настап на 19-годишната ѕвезда на Барса во Ла Лига оваа сезона, а за скромни 228 минути постигна три гола и една асистенција. Чави постојано го фали, тоа го направи и по победата од 2:1 против Мајорка, а публиката знае кого има во тимот за кој навива.
Оттука и овациите од трибините во 75. минута кога на теренот влезе Фати.
https://twitter.com/FrenchFCB/status/1520863866854457350?s=20&t=k1RhemCNo5eM4eviMTJYCQ