Лекарите ми рекоа дека ми остануваат уште шест месеци живот, изјави поранешниот голман на шкотската фудбалска репрезентација, Енди Горам, пренесуваат британските медиуми.
Горам (58) вели дека ги игнорирал првичните симптоми на болеста.
На славниот голман му бил дијагностициран рак на хранопроводникот, кој метастазирал во црниот дроб, белите дробови и ребрата.
“Ќе се борам како никогаш што не сум се борел. Зборот неоперабилен рак ме скрши. Знаев дека сакам да се борам. Лекарите ми рекоа дека хемотерапијата може да ми го продолжи животот за три месеци, а без неа ми останаа уште шест. Мојот лекар ми рече да уживам во секојдневниот живот. Болката е поднослива. Сè уште можам да ги видам пријателите што ги сакам и да бидам свој. Единствената разлика е во тоа што часовникот на бомбата отчукува“, изјави Горам за Daily Record.
Горам во својата кариера бранеше за Олдам, Хибернијан, Ренџерс, Нотс Каунти, Шефилд Јунајтед, Мадервел, Манчестер Јунајтед, Хамилтон, Ковентри и Елгин.
Со Ренџерс освои пет титули во шкотскиот шампионат, како и Премиер лигата со Манчестер Јунајтед во 2001 година.
За репрезентацијата на Шкотска настапи на 43 натпревари.