Англискиот фудбалски клуб Челзи има нови сопственици.
Американскиот бизнисмен и сопственик на безбол тимот Лос Анџелес Доџерс, Тед Бојл, стана нов сопственик на фудбалскиот клуб Челзи.
Како што беше официјално објавено, Бојл го купи Челзи за 4,25 милијарди евра, а Роман Абрамович и официјално беше сменет од чело на лондонскиот тим.
Ова не е првпат Бојл да пројавува интерес за фудбалот, а информациите говорат дека тој се обидел да го купи клубот од Западен Лондон и во 2019 година.
Чест ни е што станавме сопственици на Челзи, ние сме 100% во ова, секоја минута, секој натпревар и нашата визија е јасна. Сакаме навивачите да бидат горди“, рекол новиот сопственик, а пренесува клупската веб-страница.
https://twitter.com/ChelseaFC/status/1531291407494832134?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1531291407494832134%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D05dd%3D30nav_id%3D2163506