Бугарскиот Лудогорец испадна од квалификациите во Лигата на шампионите откако загуби на свој терен со неверојатни 7-2 од Карабах. По две продолженија од по 15 минути, бугарскиот тим прими дури четири голови.
Лудогорец со победа од 2-1 се врати од Азербејџан, но дома не само што загуби, туку доживеа тежок дебакл.
Карабах поведе во 7. минута со гол на Жунињо, следува два погодоци на Дуа за комплетен пресврт и водство на Лудогорец од 2-1.
Во судиското продолжение од првото полувреме бугарскиот тим прими два гола, Бензиа и Андраде погодија за нов пресврт, овојпат за водство на Карабах од 3-2.
Мрежите мируваа во второто полувреме, вкупниот резултат од двата дуели беше 4-4, па се играа продолженија.
Во нив Лудогорец прими дури четири голови, повторно погодија Андраде и Бензиа, а во листата на стрелци се запишаа и Бајрамов и Џиџа за конечни 7-2 за Кахабах.
Елиминација по 120 минути на свој терен доживеа уште еден наш сосед, ПАОК кој беше поразен од Малме со 4-3 во Солун.