Украинската екипа Динамо Киев приреди изненадување во квалификациите во ЛШ, откако го елиминира шкотски Глазгов Ренџерс и сега е на еден чекор до пласман во групната фаза.
Откако во првиот натпревар, на кој украинскиот тим беше номинален домаќин во Германија, резултатот беше 1-1, на реваншот во Шкотска, Динамо Киев извојува сигурна победа од 0-2. Ренџерс важеше за голем фаворит во овој двомеч, но еден од најтрофејните клубови во светот, не успеа да го покаже тоа на терен и сега својата среќа ќе ја бара во квалификациите за Лига Европа.
Големиот успех на украинскиот тим го донеоа Пикхајонок во 82. минута и Волошин кој погоди две минути подоцна. Противник на Динамо Киев во плеј-офот ќе биде австрискиот Салцбург.
Фантастичен дуел се одигра и на „Тумба“, каде домашниот тим на ПАОК по продолженијата беше елиминиран од Малме. Во регуларниот дел беше 3-3, додека во дополнителните триесет минути шведскиот тим постигна уште еден гол и го продолжи својот пат во ЛШ.
Во последното коло пред групната фаза се уште и Славија Прага, Спарта Прага и Карабах, кој во Бугарија постигна четири гола во продолженијата и со 2-7 го совлада Лудогорец (2-3).