Фудбалскиот штаб задолжен за промена на правилата (ИФАБ) има намера овој месец да го разгледа предлогот за зголемување на паузата помеѓу двете полувремиња на 25 минути, за време на која ќе се организира забавна програма, по примерот на Супербоул.
Фудбалската конфедерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) минатиот месец поднесе барање со кое сугерираше дека забавната програма може да се изведе за време на финалето на натпреварување како Купот Либертадорес.
Предлогот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) од 2009 година беше да се зголеми паузата помеѓу двата дела од играта од 15 на 20 минути, а главната причина беше што на играчите денес им треба повеќе време отколку порано за да стигнат од теренот до соблекувалната соби.