Лионел Меси е еден од 30 -те кандидати за Златната топка, а според многумина фаворит да ја освои. Сепак, тоа мислење не го дели поранешниот француски репрезентативец и легенда на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра.
“Според мое мислење, Златната топка треба да припаѓа на Канте или Жоржињо. Ми се гади од Меси. Што освои? Добро, Копа Америка. Но, што направи со Барселона?”, Евра беше остар.
Меѓу фаворитите за победа се Жоржињо, Карим Бензема, Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Роберт Левандовски.
Минатата година, наградата не беше доделена поради пандемијата на коронавирус, а во 2019 година најдобар беше Меси, кој со тоа стана рекордер со шест Златни топки.
Доделувањето на наградата за најдобар фудбалер во светот ќе се одржи на 29 ноември.