Фудбалерот на Барселона, бразилскиот напаѓач Рафиња го доби признанието за најдобар играч во август во Ла Лига, по фантастичните игри во воведните четири кола.
Во нив екипата на Барселона ги освои сите максимални 12 бода и во моментов е лидер на табелата, а бразилскиот репрезентативец ги одигра сите 360 минути. Во победата против Ваљадолид со 7-0 постигна хет-трик, но оствари и две асистенции, на истиот меч кон Торес и на дуелот со Рајо Ваљекано за голот на Педри.
Рафиња ја игра третата сезона во дресот на Барселона, а ова е негово прво вакво признание. Интересно е тоа што и другите две награди за август отидоа во Барса: Ханси Флик е прогласен за тренер на месецот, а Ламин Јамал за најдобар млад играч.