Оле Гунар Солскјер нема да добие отказ, барем не оваа недела. Според англиските медиуми, но и угледниот новинар Фабрицио Романо, Солскјер ќе остане на клупата и покрај катастрофата која ја доживеа на домашен терен Манчестер Јунајтед, односно поразот од Ливерпул со 0:5.
Наводно, неговата последна шанса е следниот меч против Тотенхем, кој се игра во недела и тоа на стадионот на Тотенхем. Секако и ова ќе биде тежок залак за Јунајтед и Солскјер кои се во лоша форма.
Сепак, медиумите велат дека раководството на Манчестер Јунајтед веќе стапило во контакт со Антонио Конте, кој во моментов нема ангажман откако го раскина договорот со Интер.