Репрезентативецот на Македонија со огромно срце последниот дуел ќе го одигра против Минден на домашен терен, што ќе биде идеален начин за збогување со публиката, барем како акер на теренот, бидејќи и во иднина ќе остане во клубот, но како асистент во стручниот штаб на тренерот Бен Матшке.
„Среќен сум затоа што останувам во Вецлар и по крајот на кариерата и тоа како асистент. Благодарен сум добивам шанса да се развивам како тренер и едвај чекам да соработувам со Матшке, кој е одличен тренер. Во следната сезона ќе го имаме еден од најмладите тимови во Бундеслигата, па ќе се обидам да помогнам со своето искуство“, изјави популарниот „Жути“.
Миркуловски е ракометар на Вецлар од 2015 година, а претходно беше дел од бундеслигашот Хановер, каде што настапи една година. Во Македонија најмногу играше за Металург.