Унгарците на патот кон првиот европски трофеј ќе мора прво да ги одмерат силите со полскиот гигант Кјелце, додека во евентуалното големо финале за ривал ќе го имаат победникот од спектакуларната пресметка помеѓу Барселона и Кил.
Каталонците ја имаат улогата на бранител на трофејот, а најавуваат дека ќе дадат се од себе за да станат првиот европски тим кому му успеало да биде најдобар во Европа две сезони едно по друго. Овие четири екипи беа дел од Ф4-турнирот пред седум години, кога во финалето Барса беше подобра од Веспрем.
Завршницата од ЛШ ќе се одигра на 18 и 19 јуни во „Ланксес“ арената во Келн.