Одличен натпревар одиграа ППД Загреб и Кил, а на крајот гостите ја однесоа победата со 28:27. Победата за Кил ја донесе Харалд Рајнкинд со гол на три секунди до крајот .
ППД Загреб пропушти одлична можност да освои барем бод на дуелот со Кил, со што би се доближил до пласман во следната рунда од натпреварувањето. Сепак, на крајот Кил дојде до победата благодарение на голот на Харалд Рајнкинд.
На почетокот не изгледаше толку добро за Загреб, се чувствуваше нервоза, многу рано Загреб остана без Кавчиќ, кој во еден пад изгледа се здоби со скршеница на раката. По сето ова Кил се одвои рано на 6:3.
Но, тогаш дојде до пресврт. Кил влегува во црната дупка, Загреб прави серија од 6:0 и ја презема контролата на натпреварот.
До крајот на првото полувреме Загреб ја одржуваше разликата, играше добро и на пауза дојде до предност од 15:12, што им даваше надеж за поволен исход во Арената.
На почетокот на вториот дел Загреб отиде на плус четири, имаше 17:13, но потоа влезе и во неволја. Кил се консолидираше и направи серија од 6-1 и се врати во игра.
До крајот на мечот практично се играше гол за гол, предноста ја имаше Кил, а Загреб анулираше.
Така на 40 секунди до крајот Сандро Обрановиќ погоди за израмнување на 27:27, одбраната на Загреб изгледаше добро во последниот напад на Кил, но Рајнкинд сепак најде дупка на три секунди до крајот и погоди за конечни 28:27.
Најдобри кај Загреб беа Дино Славиќ со 12 одбрани, Давид Мандиќ со осум гола и Иван Чупиќ со пет. По пет гола кај гостите постигнаа Домагој Дувњак и Харалд Рајнкинд