Фудбалерите на Бетис се пласираа во финалето на Купот на кралот, бидејќи во реваншот на домашен терен одиграа 1:1 против Рајо Ваљекано и со тоа закажаа дуел со Валенсија со вкупен резултат 3:2 во борбата за големиот трофеј. .

Бетис до израмнување стигна во судиското надополнување и со тоа го избегна продолжението, а предноста можеше да биде уште поубедлива доколку Хоакин Санчез погодеше во последните секунди од натпреварот.

Хуанми ја имаше првата сериозна прилика на натпреварот, но неговиот удар со глава го одбрани Лука Зидан.

Практично тоа беше се што видовме во првите 45 минути на двете страни, а за монотонијата на вечерашната игра најдобро говори фактот што споменатиот удар беше единствениот удар во рамките на голот во првото полувреме.

Во вториот дел се играше многу поживо на двете страни, а најблиску до водство на Бетис беше во 70. минута кога Вилијам Карваљо шутираше над гредата.

Десет минути подоцна Рајо поведе со голот на резервистот Бебе, само три минути откако тој влезе во игра.

Португалскиот фудбалер постигна еврогол од слободен удар, а голманот на Бетис немаше шанса да ја сочува мрежата.

Во 83. минута Бетис возврати. Фекир шутираше, Зидан реагираше очајно, но топката од гол линијата ја исфрли Балиу.

Бетис, сепак, дојде до победата на почетокот од 92. минута кога Серхио Каналес упати удар, а Борха Иглесијас ја завери топката во мрежата и со тоа и официјално го одведе домашниот тим во финалето.

Голема заслуга за овој гол има ветеранот Хоакин Санчез, кој практично го поврза Каналес со голот.

Како што споменавме, Хоакин ја пропушти можноста до крајот на мечот да ја направи поубедлива победата на Бетис, но овој резултат беше доволен за зелено-белите од Севилја да имаат можност по 17 години да освојат голем трофеј.

https://www.youtube.com/watch?v=JbraDXk7C4g