Македонија за малку не успеа да се пласира на Светското првенство во Катар откако во финалето на плејофот загуби од Португалија. Нашата репрезентација не е на планетарниот собир, но очигледно дека во Катар има македонски навивачи.
На вечерашниот дуел меѓу Франција и Австралија, на стадионот беше истакнато препознатливото знаме со Сонцето од Кутлеш, односно знамето кое беше прво официјално знаме на самостојна Македонија.
Фановите сликани покрај знамето беа во боите на Австралија, но гордо го покажуваа и историското знаме.