Слободно може да се каже дека Србите не освоија бод, туку испуштија еден, а Исланѓаните можат да бидат презадоволни од конечниот исход. Иако ниедна од репрезентациите немаше повисока предност од три разлика во текот на целиот натпревар, Србија имаше +3 на две минути, а +2 (27-25) на 35 секунди пред крајот, а сепак не успеа да дојде до победата.
Прво Палмарсон намали на еден негатива за Исланд, а потоа Ѓорѓиќ ја загуби топката со што му овозможи на Гудјонсон да постигне гол и да ѝ донесе бод на својата репрезентација. Еввентуален триумф на овој меч ќе значеше речиси сигурен пласман на Србија во следната фаза од Европското првенство.
Бјарки Елисон со девет гола беше најефикасен кај Исланд, Гудјонсон додаде седум, а Кристијансон шест. Драган Пешмалбек ја предводеше Србија со пет гола, еден помалку постигна Ѓорѓиќ, а Радивојевиќ и Кукиќ реализираа по три. Поранешниот голман на Вардар, Драган Милосављев заврши со девет одбрани, но осум од нив оствари во првото полувреме во кое блескаше на голот на Србија.
Во вториот меч во терминот од 18 часот на Европското првенство, Австрија ја победи Романија со 31-24.