Вардар и официјално објави дека браќата Оливие и Кевин Њокас се дел од црвено црниот тим.
Француските ракометари летово потпишаа за тимот од Автокоманда, кој во последен момент не успеа да ги извади потребните сертификати и да ги лиценцира, што беше искористено од вардарци за трансфер во последен момент. Двајцата доаѓаат на местото на Едуардо Гурбиндо, кој во последен момент реши дресот на Вардар да го замени со тој на Динамо Букурешт, од каде што добил побогата понуда.
Браќата Њокас имаат право за настап веќе и на задутрешниот меч на гости кај Елверум на стартот од ЛШ, а тие се пријавени и за настап во домашното првенство, каде што би го облекле црвено-црниот дрес веќе следниот викенд.