Фудбалерот на Ајакс, Нусаир Мазрауи, потпиша четиригодишен договор со Баерн Минхен, до јуни 2026 година.
Мароканскиот 24-годишен десен бек се пресели во Баерн како слободен играч, откако му истече договорот со Ајакс.
„Мазрауи е одличен играч со кој продолжуваме да го зајакнуваме нашиот тим на вистински начин. Имаме големи цели за новата сезона“, изјави извршниот директор на Баерн, Оливер Кан.
Баерн ја освои 10-тата последователна шампионска титула оваа сезона.
Мазраруи дојде во фудбалската школа на Ајакс во 2013 година, а за првиот тим дебитираше пет години подоцна. За Ајакс одигра 137 натпреварувачки натпревари и постигна 10 гола.
За репрезентацијата на Мароко одигра 12 натпревари.
Во понеделникот Баерн го продолжи договорот со голманот Мануел Нојер до 2024 година.