Наполи не сака да ја продаде својата ѕвезда, но Аурелио Де Лаурентис би можел да се премисли ако пристигне примамлива понуда, а такво нешто најави францускиот медиум „10спорт“.
ПСЖ, наводно, планира да испрати понуда од 180 милиони евра до Наполи за Кварацхелија, кој оваа сезона постигна 13 голови и 15 асистенции.
Конкуренција на парижаните ќе им бидат Манчестер сити и Реал Мадрид, но засега не е познато колку пари се подготвени тие да понудат за потписот на Грузиецот.