На шпанската Барселона и се заканува исфрлање од Лигата на шампионите на две или три години, тврдат новинарите на германски „Велт“.
Причината е прекршувањето на финансиските регулативи, а според нивните извори, „цифрите“ во Барселона се страшни.
Доколку дојде до исфрлање, тоа ќе започне од сезоната 2024/25 и би траело две или три години, а во тој период Лигата на шампионите би била без Барселона.
Наводно, раководството на Барселона прекршило разни финансиски регулативи на УЕФА, а не ги испочитувала работите на кои се обврзале сите клубови.
Барселона во септември пријави добивка од 304 милиони евра, а тоа со себе носи одредени прашања.
Никому не му е јасно, од извори блиски на Велт, зошто повеќе од една година многу работи се чувале во тајност.
„Колку е поголема загубата, толку е поголема казната“, изјави еден од изворите за Велт.
Барселона ова лето веќе е казнета со 500.000 евра за кршење на регулативите од УЕФА.