Причината за смртта се уште се истражува, но се знае дека му се слошило поради здравствени проблеми. Беше познат како голем борец на теренот, имаше 196 сантиметри и играше како ниско крило за екипата на Анзоатеги во венецуелското првенство. Претходно настапуваше за Кокодрилос од Каракас, Капитанес од Мексико, Кимса, Бронкос Каракас, и за Дефенсор Спортинг.
Неколку пати ја претставуваше својата репрезентација на големите натпреварувања, па беше дел од Јужноамериканското првенство за играчи до 21 година во Колумбија во август 2019 година. Тогаш на пет натпревари имаше просек од 17,6 поени, 2,6 украдени топки и 2,4 асистенции. Оваа година блесна на Мундобаскетот кога беше најдобар стрелец на својата репрезентација во поразот од Словенија (100:85) постигнувајќи 16 поени во директната пресметка со Лука Дончиќ, кој беше незапирлив со 37 поени. На СП 2023 просечно постигнуваше по 12,4 поени по натпревар, а најдобар настап имаше против Јапонија каде реализира 20 поени.