Коронавирусот му зададе жесток удар и на Рајо Валјекано, откако во тимот на Столе Димитриевски се појавиле дури 17 позитивни случаи на Ковид-19. На денешниот тренинг присуствувале само осум фудбалери, а сите други се во домашна изолација.
Шпанските медиуми ги објавија имињата на осуммината кои денеска беа на тренинг. Тоа се Марио, Андрес Мартин, Комесана, Валентин, Иси, Балиу, Кевин и Арболеда.
Рајо Валјекано речиси сигурно ќе бара одложување на првиот натпревар во 2022 година. На 2 јануари 2022 година овој тим треба да му гостува на актуелниот првак Атлетико Мадрид.