На несреќниот 26 јануари 2020 година, во хеликоптерска несреќа животот го загубија познатиот кошаркар Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и уште седум лица кои беа на тој фатален лет.
Сопругата на Коби, Ванеса, на суд изјавила дека првата информација за страшната несреќа ја добила од семејната помошничка, но и дека некои информации се покажале неточни.
Ванеса последните денови беше на суд каде сведочеше во случајот против полицајците кои се осомничени дека ги фотографирале телата на Коби и нивната ќерка Џиана.
Помошничката и кажала на Ванеса дека се случила несреќа, но и дека преживеале пет лица, што подоцна се покажало дека е неточно. Бидејќи таа не знаела ништо повеќе, Ванеса се обидела да ги добие или Коби или Џиана по телефон, но тие не одговарале.
„Додека го држев телефонот и се обидував да го добијам сопругот, почнав да добивам известувања „Почивај во мир, Коби“, „РИП Коби“. Мојот живот од тој момент не е повеќе ист, истакнала Ванеса Брајант.