Ваквото поклопување е нешто што никогаш досега не е видено на едно големо кошаркарско натпреварување, а прашање е дали три средби завршиле со ист број поени на двете страни во било која земја – во исто коло. Победниците во трите досега одиграни четвртфинални средби, а тоа беа селекциите на Полска, Финска и на Италија, редовно стигнуваа со 94 поени, додека поразените Украина, Хрватска и Србија „застануваа“ на 86 поени.
Математичарите во следниот период дефинитивно ќе излезат со приближно точна бројка за тоа колкави се шансите три средби на исто кошаркарско натпреварување да завршат со идентичен резултат, но даваа дефинитивно ќе биде – огромна. Останува да се види дали чудото ќе биде комплетно и дали и Грција и Чешка ќе одиграат на ист начин како и претходниците и го комплетираат неверојатното со уште една средба со крајни 94-86.