Адем Мекиќ беше еден од најдобрите на првите два натпревара од претквалификациите во Скопје.
Особено значаен беше неговиот придонес на дуелот со Словачка во последната четвртина кога одигра симултанка со 8 поени во или вкупно десет во онаа серија од 20-0. Мечот го заврши со заврши со 12 поени, 5 скока и 3 асистенции.
„Во првиот натпревар влеговме со голема доза на нервоза бидејќи имаме домашен терен, но и млади и неискусни играчи во ростерот. Иако не бевме свои на тој меч, успеавме да се избориме за пристоен пораз кој нема ништо да значи ако денеска се поправиме и дојдеме до победа која ќе не однесе во следната фаза.
Во вториот меч влеговме многу посигурни и со поголема самодоверба што резултираше со убедлива победа. Мислам дека тој натпревар ни е од големо значење бидејќи видовме дека сме поквалитетни во однос на другите две репрезентации. Така очекувам да играме и вечерва и да дојдеме до триумфот“– посакува нашиот крилен играч.
Вечерва, од 19.часот, нè чека вториот натпревар против селекцијата на Швацарија. Со победа сме гигурен патник во квалификциите за Светското Првенство 2023.
„Првиот дуел со Швајцарија го одбележа нашата неефикасна игра иако во одбраната бевме одлични. Ако ја повториме играта во одбрана и вечерва, мислам дека ќе биде многу подобро.
Македонската репрезентација во моментов ја краси тимската игра и секогаш се трудиме секој да го направи своето, како во одбраната, така и во нападот“ – вели Мекиќ пред „реваншот“ со Швајцарија.