Ова е втор по ред шокантен пораз кој нашиот северен сосед го претрпува од „аѕурите“ во последните 15 месеци, со оглед што идентичен беше епилогот и на предолимписките квалификации лани во јуни и тоа среде Белград. Италијанците одиграа фантастично во второто полувреме (49-35), во кое направија серија 16-2, која им донесе не само пресврт туку и убедливо водство за релативно мирен финиш. Србите доминираа во првиот дел, имаа и плус 14, но на крајот не најдоа одговор за агресивната одбрана на противникот.
Јунак беше Марко Спису, кој постигна 22 поени, сите во вториот дел од средбата, додека фантастичен беше и Николо Мели со 21 поен. Никола Јокиќ беше вообичаено одличен со 32 поени, но немаше вистинска поддршка од останатите.
Италија во битка за полуфиналето на ЕП 2022 ќе ги одмери силите против Франција.