Никола Јокиќ игра уште една сензационална сезона. Српскиот центар на Денвер Нагетс и актуелен МВП на НБА лигата е на најдобар пат да го однесе тимот на Колорадо уште еднаш во плеј-офот. На Денвер во последните два натпревари од регуларниот дел ќе му биде потребна една победа за да ја потврди шестата позиција и да избегне настап во плеј-ин натпреварите.
Јокиќ има уште подобри бројки од минатата сезона. Постигнува 27 поени со 58% успешност од шутот од игра, има 13,7 скока и осум асистенции по натпревар со 1,4 украдени топки и 0,8 блокади. Уште еден брилијантен статистички податок открива колку добра сезона има Јокиќ.
Имено, во преостанатите два натпревари тој мора да постигне најмалку 31 поен за да стане првиот играч во историјата на лигата кој има сезона со најмалку две илјади поени, илјада скока и 500 асистенции. Дури и најголемите мајстори за трипл-дабл, како Лери Бирд, Расел Вестбрук или Оскар Робертсон, никогаш не успеаја да стигнат до тие бројки.
Според американските обложувалници, Јокиќ моментално е фаворит за новата награда за МВП пред Џоел Ембиид и Јанис Антетокунмпо. Со евентуална нова победа тој би влегол во избраната група играчи кои најмалку двапати ја земале наградата. Досега на тој список се само 14 имиња.
https://twitter.com/NBAcrazystats/status/1511778266377510914?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1511778266377510914%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fjokica-31-poen-dijeli-od-uspjeha-koji-nije-ostvario-nitko-u-nba-povijesti%2F2354219.aspx