Лос Анџелес Лејкерс запиша две победи во низа, синоќа го победи Шарлот Хорнетс, еден од најлошите тимови во лигата со 121:115. Натпреварот мина во доминација на Леброн Џејмс, кој пред неколку дена го прослави својот 38 роденден. Џејмс натпреварот го заврши со 43 поени, 11 скока и шест асистенции.

Тој се израмни со подвигот на Мајкл Џордан. Тој и Џејмс се единствените двајца играчи во историјата на НБА кои постигнале 40 или повеќе поени во два последователни натпревари на 38-годишна возраст.

Лука Дончиќ продолжи со серија неверојатно добри игри. Откако во претходните пет натпревари постигна 50, 32, 60, 35 и 51 поен, синоќа во победата против Хјустон Рокетс постигна 39 поени, забележа 12 скока и испорача осум асистенции. Словенецот со 34,3 поени по натпревар сега е на врвот во НБА.

Покрај тоа, тој е и во топ 5 во лигата по асистенции по натпревар и украдени топки. Далас победи против Хјустон (111-106) по трет пат во последните десет дена, а Тексашаните сега се во серија од седум победи, и стигнаа до четвртото место на Западот.

Резултати: Шарлот – ЛА Лејкерс 115-121, Кливленд – Чикаго 145-134 (прод.), Индијана – Торонто 122-114, Филаделфија – Њу Орлеанс 120-111, Бруклин – Сан Антонио 139-103, Хјустон – Дакас 106-1111м Минесота – Денвер 124-111, Голден стејт – Атланта 143-141 (прод.), Портланд – Детроит 135-106, ЛА Клиперс – Мајами 100-110.

Loading…