Микаела Шифрин и натаму продолжува со целосна доминација во алпското скијање за жени. Денеска на патеката на “Сљеме“ која се наоѓа во близина на Загреб, успеа да победи во слаломот. Таа во двете возења имаше вкупно време од 1:36.42 минута. На второ место се најде Петра Влхова од Словачка со 0,76 стотинки заостанување, додека трета на подиумот беше Ана Свен Ларсон од Шведска.

Сите скијачки се бунеа поради стазата,но сепак трката во СК беше одржана.

Со оваа победа фантастичната Американка се најде на само една победа, оваа беше нејзина 81-ва победа, до рекордот во победи во СК кој го држи Линдзи Вон, и пет до апсолутниот рекорд кој го држи Ингемар Стенмарк.

Ова фото е пред да се одржи денешниот слалом на „Сљеме“.
Image