Инцидентот со холандскиот новинар, кој кинеските чувари го одвлекоа среде пренос во живо, беше изолиран настан и нема да влијае на известувањето на странските медиуми за Зимските олимписки игри во Пекинг, соопшти во саботата Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).
Новинарот на НОС, Сјоерд ден Даас, имаше вклучување во живо за време на церемонијата на отворањето на Игрите во главниот град на Кина, кога беше опколен од неколку службеници од обезбедувањето и еден од нив насилно го одвлече. Преносот во живо беше прекинат, поради што водителката од студиото во Холандија остана збунета.
https://twitter.com/NOS/status/1489578149507698689?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1489578149507698689%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fvideo-kineski-zastitari-odvukli-novinara-usred-javljanja-uzivo-sa-zoija%2F2337494.aspxУчесниците во Игрите, вклучително и медиумите, се ограничени на „затворен круг“ за време на Игрите, која вклучува места, медиумски центар и сместување. Сите учесници мора да останат во тој затворен круг во текот на Игрите како дел од мерките на кинеските здравствени власти за намалување на ризикот од ширење на коронавирус за време на Игрите од 4 до 20 февруари.
И претходно имаше загриженост дали на медиумите ќе им биде дозволено слободно да ја вршат својата работа во Кина за време на Игрите.