Александар Зверев, третиот тенисер во светот, со убедливи 6:1, 6:0 победа против Адријан Манарин се пласираше во полуфиналето на турнирот во Монпелје. Меѓутоа, додека тој се смешкаше и ја подготвуваше опремата на клупата покрај теренот, некој со силен удар со топчето го погоди во глава.
https://twitter.com/Vamosszz/status/1489840172455784452?s=20&t=xC6BZmtgZ1EU1QGHiZ9YHw
Ударот беше болен но на видеото се гледа дека неговата зачуденост е поголема од болката откако доживеа сосема неочекуван напад, кој можеше да биде многу опасен и да го погоди директно во окото.