Осминафиналето на Мастерсот во Мајами нема да го видат двајца тенисери кои планираа подолг престој во Флорида, шестиот носител Феликс Оже-Алијасим и деветтиот, Хуберт Хуркач.
Од Хуркач можеби не се очекуваше да ја повтори 2021 година, кога го освои турнирот, но во дуел со Французинот Адријан Манарино беше поразен во два сета со тајбрејк, првиот 7-5, вториот 7-0.
Неочекуван пораз претрпе и Канаѓанецот Оже-Алијасим, од Аргентинецот Франсиско Серундоло, со 6-2, 7-5, а домаќините го загубија Френсис Тијафо (14.), кој беше надигран од Лоренцо Сонего од Италија.
На женскиот дел од турнирот веќе се формираа четвртфиналните двојки. Втората носителка, Арина Сабаленка ќе игра против Сорана Кирстеа, Квитова со Александрова, а Рибакина против Травизан.