Ѓоковиќ по три часа игра дојде до пласман во осминафинале на „Австралија опен“, откако со мали проблеми само во првиот сет го совлада Бугаринот Григор Димитров со 7-6, 6-3, 6-4.
Србинот имаше проблеми само во првиот сет, во кој прво пропушти три сет топки во десеттиот гем, за два гема потоа самиот да спаси две сет топки за противникот. Победникот беше решен во тај-брејк, во кој Ноле дојде до 9-7 и воведно водство во мечот.
Вториот сет лесно го освоибСрбинот (6-3), а третиот донесе необична ситуација со дури пет брејка во првите шест гема на обете страни со еден брејк предност за Ѓоковиќ, кој потоа умешно ги задржа двата следни сервиси и го доби со 6-4. Следен противник за српскиот тенисер е Австралиецот Алекс Де Минаур, кој е 24. на АТП листата.