Судот во Мелбурн ја поништи одлуката на Федералната влада на Австралија за депортација на Новак Ѓоковиќ откако судијата Ентони Кели пресуди во корист на српскиот тенисер. Адвокатите на најдобриот светски тенисер ја изнесоа потребната документација за медицинско изземање. Судијата Ентони Кели утврди дека визата неосновано му била укината и нареди тој веднаш да биде ослободен. Меѓутоа иако судот пресуди во корист на Ѓоковиќ тоа не значи дека тој автоматски ќе влезе во Австралија и ќе игра на Австралија опен.

Последниот збор го има министерот за имиграциско право Алекс Хок. Според законот, во Австралија зборот на министерот за имиграција е над се дури и државата Викторија. Доколку Хок му нареди на Ѓоковиќ да ја напушти земјата, српскиот тенисер ќе мора да го стори тоа без разлика на тоа што судот му ја одобри визата.