После елиминацијата на вториот носител на турнирот во Мелбурн, Каспер Руд, третиот ден од Австралијан опен донесе уште две големи изненадувања. Елиминирани се Тејлор Фриц и Александер Зверев кој беше еден од фаворитите за титулата.
Фриц беше елиминиран од Алексеј Попирин, додека Зверев загуби од 107. тенисер на АТП-листата, Мајкл Мо.
Зверев покажа дека му треба повеќе време за да се врати во форма бидејќи не играше уште од повредата која ја доживеа на Ролан Гарос против Рафаел Надал.