Медведев се приближи на само 10 бодови до Ѓоковиќ, а Србинот на земјена подлога во следните два месеци мора да одбрани 3.530 бодови, додека Русинот брани само 790 поени.
Ѓоковиќ минатата сезона ги освои Ролан Гарос и Белград Опен, играше финале во Рим, полуфинале на Србија Опен и осминафинале во Монте Карло.
Медведев во тој период немаше многу успеси, односно може да се пофали само со четвртфинале на Ролан Гарос, во Мадрид испадна во осминафиналето, додека во Рим беше елиминиран во второто коло.