Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз по тешка борба се пласира меѓу осумте најдобри на мастерс турнирот во Мадрид, во меч кој траеше речиси три часа. Шпанецот го победи Штруф во три сета.
Алкараз добро го почна мечот, го доби првиот сет со 6-3, во вториот загуби во тајбрејк, германскиот тенисер беше поуспешен со 7-5 и изедначи на 1-1.
И во третиот решавачки сет се играше тајбрејк, овојпат Алкараз беше подобар со 7-4, за победа од 2-1 во сетови.
Во четвртфиналето Алкараз ќе игра против Рубљов кој со 2-0 во сетови беше подобар од Гриекспур.