Најдобрата светска тенисерка, Ига Швјонтек, малку потешко од што се очекуваше се пласира во 2. коло во Мелбурн. На стартот од првиот гренслем во 2023 г. ја совлада Германката Јул Нимајер со 6-4, 7-5.

Првата фаворитка се најде во непријатна ситуација во вториот сет, во кој германката поведе со 5-3 и сервираше за триумф, што делуваше како отрезнување за Полјачката, која ги освои следните четири гема и стави крај на маките.

Во второ коло во Мелбурн се пласира и Гркот Стефанос Циципас, кој го совлада Квентин Хелјис (Франција) 6-3, 6-4, 7-6 . Настапот на Австралија опен го заврши поранешниот шампион Стен Вавринка, кој во пет сета беше елиминиран од Словакот Алекс Молчан.