Русинот Данил Медведев ја оправда фаворитската улога против Американецот Тејлор Фриц и славеше со 2-0 во сетови, односно 7-6 и 6-3.
Фриц беше на добар пат да го освои првиот сет бидејќи имаше водство од 6-5, но и две брејк и сет топки кои не ги искористи во 12. гем, по што Русинот во тај-брејкот беше извонреден и стигна до 7-1.
Првиот тенисер во светот не дозволи драма во вториот сет, па веднаш направи брејк за 2-0, а потоа сервираше сигурно и стигна до 6-3.
Медведев во полуфинале на Мастерсот во Синсинати ќе игра против победникот од мечот меѓу Стефанос Циципас и Џон Иснер.