Победник на турнирот во Рио де Жанеиро, Бразил е младиот Шпанец Карлос Алкараз, кој го освои вториот турнир во кариерата по Умаг против Аргентинецот Шварцман .
Младата шпанска тениска сензација, 18-годишниот Карлос Алкараз го победи Аргентинецот Диего Шварцман со 6-4, 6-2 во финалето на АТП 500 во Рио де Жанеиро.
Младиот Шпанец, кој на почетокот на оваа недела беше 29. тенисер во светот, од понеделник ќе се најде меѓу најдобрите дваесет во светот (20. место) и со оваа победа го освои вториот АТП турнир во кариерата. Премиермо , минатата година славеше во Умаг. Го освои и Мастерс турнирот за млади тенисери.
Во финалето Шварцман поведе со 2-0, но тоа беше речиси се што направи. Алкараз доминираше во остатокот од мечот, особено во вториот сет. Вкупно, младиот Шпанец искористи дури пет од шесте брејк можности.
Шварцман остана на четири АТП титули во кариерата, губејќи го финалето втора недела по ред. Минатата недела тој беше поразен во финалето во Буенос Аирес од Каспер Руд.
АТП Рио де Жанеиро, финале:
Карлос Алкараз (Шпанија, 7) – Диего Шварцман (Аргентина, 3) 6: 4, 6: 2